Тодоров: Ако ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотира изборите во Штип, тоа ќе биде катстрофа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Никола Тодоров вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, истакна дека ја слушнал можност ВМРО-ДПМНЕ да ги бојкотира локалните избори во Штип за избор на градоначалник.

Тој смета дека тоа би било катастрофа.

„Ако ги бојкотира ВМРО-ДПМНЕ изборите, тоа би било катастрофа. Не смееме на СДСМ на тацна да му го оставиме Штип. Згора на тоа ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови во Штип на последните парламентарни избори. Не смееме да му го препуштиме Штип без борба“, рече Тодоров.