Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, главна тема е спорот со Бугарија. Затоа гости ни се од Мешовитата македонско-бугарска комисија, претседателот Драги Ѓорѓиев и членот на Комисијата, Петар Тодоров.
Тодоров вечерва објасни дека мешовитата Комисија има два аспекти.
„Едниот аспект е чествувањето на Климент Охридски, и вториот се учебниците. Тоа се два различни аспекти, и треба да се прави разлика меѓу нив. Чествувањата се нешто што го разбираме како политики на сеќавање. “, изјави Тодоров и додаде:
„Нам сега во моментов ни се случува политизирање на историјата. Треба да продолжиме со оваа работа, и да работиме на универзални личности и настани“, рече Тодоров.
Целата изјава низ следното видео:
