Тодоров: Учебниците по историја во Македонија и регионот поттикнуваат националистички предрасуди

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Петар Тодоров, членот на комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека учебниците по историја во Македонија и во другите земји од регионот, поттикнуваат националистички предрасуди.

„Состојбата со учебниците во регионот, дали станува збор за земји на ЕУ или не, е катастрофална“, рече Тодоров кој додаде дека кога би се читале историските учебници, би добиле впечаток дека Македонците и Албанците никогаш не живеел заедно.

„Учебниците во Македонија, во Бугарија и во регионот се учебници кои поттикнуваат националистички предрасуди. Треба под итно да се реформираат. И целото историско образование. Во Македонија, имаме учебници по историја со етноцентричен наратив. Македонски наратив, и албански наратив. И кога ги читате имате впечаток дека македонците и албанците никогаш не живееле заедно. Тоа треба да се смени“, рече Петар Тодоров.