Топлинскиот бран што ја погоди Грција на почетокот на неделата е сè уште активен, а се очекува температурите да бидат помеѓу 40 и 42 степени Целзиусови, додека локално ќе достигнат до 43 степени, а според грчките метеоролози, овој топлотен бран е еден од најинтензивните во последните 15 години.
Како што истакнуваат метеоролозите, во петок, 25 јули, во 22 часот во Атина се измерени 37 степени, а во Халастра во близина на Солун во текот на денот субјективното чувство на топлина достигнало дури 52 степени, објавува Прототема.
Куририте, доставувачите на храна и градежните работници во поширокото подрачје на грчката престолнина Атина и другите региони треба да престанат со работа од пладне до 17 часот, објави грчкото Министерство за труд, објавува Ројтерс.
