Македонија зафатена со високи кои на некои места надминуваат и 40 степени Целзиусови.
Докторката Лилија Чолакова-Дервишова вели дека поради жештините во изминатите денови во нејзината ординација се испратени три лица со инфаркт.
Дури и од Итната помош информираат дека во текот на денот добиваат пријави за десетици сообраќајни несреќи. Лекарите советуваат како да се однесуваме и да се заштитиме од топлотен удар.
Поради високите температури, Министерството за социјална политика издаде препораки за ранливата категорија граѓани.
„Во периодот од среда – 10.07.2024 година до петок – 12.07.2024 година, се препорачува најранливите групи од населението, како што се: хронично болните, трудниците и лицата над 60 години, да работат со намалено работно време, почнувајќи од 07:30 до 12:00 часот, додека во установите за згрижување деца (градинки) не треба да се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата од 11:00 до 17:00 часот“, вели Министерството за социјална политика.
Воедно, се препорачува градежните работници да не работат на отворено од 11 до 17 часот.
Според Управата за хидрометеоролошки работи до средината на следната недела на места ќе се активира портокаловото ниво за ризик од високи температури. Исклучок ќе има во недела кога според синоптичарите ќе има изолирани појави на нестабилност со пороен дожд и грмежи во попладневните часови во западните делови од земјава.
