Тополен бран ја зафаќа и Mакедонија – температурите во некои делови ќе надминат 40 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека за време на продолжениот викенд и до крајот на следната недела земјата ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност.

Дневните температури насекаде во земјата ќе надминат 32 Целзиусови степени, а во одделни подрачја се очекува да надминат и 40 степени.

Според прогнозите, високите температури ќе продолжат и во текот на ноќните часови, што ќе придонесе за подолг период на многу топло време.