Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните, а во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово слободно да се движат, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој воедно вели дека власта постојано ги лажела граѓаните во врска со ова прашање. Тошковски ги повика пратениците да го изгласаат предлог-законот што го доставил во Собрание за продолжување на важноста на пасошите со старото име на државата.
Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вели дека за гужвата со вадењето лични документи е виновна опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За тоа што бил премиер и како придонел, Ковачевски објасни како се одвивала процедурата.
Одредени европски земји, некои од нив и членки на Шенген зоната, дозволуваат влез и излез на своите гранични премини со пасош со старото уставно име – Република Македонија.
Станува збор за Германија, Швајцарија и Бугарија, а не е исклучена можноста нивниот пример да го следат и други европски земји, пренесува „360 степени“.
