Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, истакна дека во првиот ден од имплементација на системот „Сејф Сити“, се регистрирани 500 прекршоци, што е драстично намалување на бројката од пред неколку недели.
„Први февруари некаде околу 20 часот, драстично намалување на бројката на прекршоци. Имаме околу 500 кои се регистрирани од страна на паметните камери, и да укажам благодарност до граѓаните. Вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката од 120 илјади пред околу 2 месеци, на 500 денеска во првиот ден од официјалното стартување на системот, вие сте тие кои ги намаливте бројот на повредени лица од сообраќајки, и бројот на смртни случаи. Ви честитам на сето ова. Со имплементирање на овој проект, во првите часови покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија. Во иднина со вакво однесување, сигурен сум ќе покажеме навистина ги имплементираме оние европски вредности кои ги заслужуваат македонските граѓани“, рече Тошковски.
