Тошковски: Двајца возачи се рекордери, имаат по 40 забрани за управување возило

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Mинистерот за вантрешни работи Панче Тошковски во синоќешно гостување на ТВ „Алфа“ истакна дека Македонија има двајца рекордери кои имаат по 40 забрани за управување возило.

Како што рече, во последните четири години, повеќето од прекршителите, односно 55.405 граѓани, имаат по една изречена забрана, а тоа се оние граѓани на кои секогаш може да им се случи да сторат прекршок.

„Со два прекршока се 7.987 возачи, а по три правосилни пресуди за забрана за управување возило имаат 1.863 возачи. Има 677 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а рекордери се двајца возачи, кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, рече Тошковски.