Тошковски во „Клик Плус“: Во Скопје е во фаза имплементација на систем „паметен зелен бран“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Во Скопје е во фаза имплементација на „паматен зелен бран“. Ова во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 го кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој кажа дека со овој систем очекува да се забрза проточноста на возила низ главниот град.

„Во рамките на Скопје е во фаза на имплементација паметен зелен бран, кој со негова цела имплементарција проточноста на сообраќајот треба да се зголеми, односно да имаме околу 30% побрза проточност на возила, кога овој паметен зелен систем ќе биде имплементиран. Станува збор за систем со кој ќе бидат опфатени сите булевари во рамки на Градот Скопје, кој и тоа како ќе ја подобрат проточноста на возила. Интензивно се работи на имплементирање на ова решение“, рече Тошковски.

Околу тајмери на семафорите, Тошковски кажа дека истражувањата и искуствата покажале дека тие се повеќе штетни отколку корисни, и дека ќе нема тајмери.