Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски го коментираше врсничкото насилство во Ѓорче Петров. Тошковски рече дека се води истрага, и дека овој вид на криминалитет треба да се сфати максимално сериозно.
„Се води истрага. 14 лица се повикани на разговор, и за дел од нив ќе следат процесни дејствија. Во рамки на овој предмет е вклучено и ЈО, по насока на јавен обвинител. За сите останати детали ќе биде информирана јавноста, но станува збор за малолетници и мора да одиме со редуцирани информации во јавноста имајќи во предвид овој вид криминалитет. И тоа како мораме да бидеме фокусирани на овој вид на криминалитет“, рече Тошковски.
