Трагедија: На 32-годишна возраст почина поранешен фудбалер на Јувентус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трагична вест доаѓа од Шпанија. Поранешниот фудбалер на Јувентус, Нико Идалго почина на 32-годишна возраст од канцер на белите дробови.

Идалго три години мина во Јувентус, од 2014 до 2017 година. Кариерата ја заврши во јануари 2022 година, а последниот меч го одигра во мај 2021 година.

Потоа му беше дијагностициран канцер на белите дробови со метастази. Својата битка ја започнал во онколошката болница во Гранада, но после три години ја загуби битката.

Освен Јувентус, играше во Гранада, Мотрил, Кадиз, Расинг Сандандер и Екстрамадура.