Атлетико Мадрид денеска објави дека почина Кристијан Минчола, 14-годишен член на нивниот тим.
Официјална потврда за причините за смртта и натаму нема, а некои медиуми пренесоа дека причината не е коронавирусот кој што ја „покоси“ Шпанија.
„Шокирани сме поради тажната вест и жалиме поради загубата на нашиот член. Атлетико ќе биде поддршка на семејството на Кристијан во овие тешки моменти“, се вели во соопштението на тимот од Мадрид.
