ТРАГЕДИЈА ВО СЈЕНИЦА: Почина 3-годишно дете играјќи си во дворот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тригодишно дете почина денес околу 17 часот во Сјеница во село Дражевиќ. Несреќата се случила во дворот на семејната куќа, каде детето си играло, а сè уште не се знае како дошло до неговата смрт.

Екипата за итна помош, која дошла на повик на родителите, можела само да ја констатира смртта.

-Детето се качуваше на автомобилот што беше паркиран во дворот, можно е да паднало и да се здобило со смртни повреди – велат мештаните на Дражевиќ.

На местото на несреќата во тек е увид на полицијата. Сите детали за овој случај ќе бидат утврдени со детална истрага.