Трагедија во близина на северниот брег на Франција, четири лица загинаа, потрагата по преживеани продолжува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четири лица загинаа кај северниот брег на Франција откако се обиделе да го преминат Ла Манш со мал чамец, пренесува Би-Би-Си.

Несреќата се случила денеска наутро во близина на Булоњ, јужно од Кале. Властите потврдија дека потонал такси-чамец.

Спасувачките служби во моментов се на терен и трагаат по преживеани.

Во последните три години значително е зголемен бројот на луѓе кои се обидуваат да го преминат Ла Манш со мали чамци. Во 2025 година во Британија на тој начин пристигнале повеќе од 40 илјади лица.

Се очекува наскоро да биде одржана прес-конференција.