Трагедија во Дебар: Работник падна од зграда и почина на пат кон болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 08.01.2026 околу 11:35 часот во ОВР Дебар, од Итна медицинска помош е пријавено дека на пат кон болницата во Дебар починал С.К.(40) од Дебар.

Според пријавеното, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на ул. „Братство единство“ во Дебар, каде што работел, и на пат кон болницата починал.

На местото излегле трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Дебар.