Трагедија во Франција: Во сообраќајка загина познат спортист и освојувач на олимписки медал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Познатиот рагби играч Јосаја Раисуке, кој освои сребро со репрезентацијата на Фиџи на последните Олимписки игри во Париз, загина во сообраќајна несреќа.

Како што пишуваат медиумите, 30-годишниот Раисуке загинал одејќи на утрински тренинг, откако во неговиот автомобил удрил воз, по што смртта настапила веднаш.

Раисуке пристигна од Фиџи во Франција во 2015 година. Играше најпрво за „Стад Франс“, клуб кој го отпушти по скандал за нападната девојка во ноќен клуб за време на роденденска забава. Тој и уште еден негов соиграч минаа и неколку дена во затвор, што значеше отказ од клубот, додека другиот соиграч се извлече само со опомена.

Се врати на рагбито во 2017 година откако потпиша во второлигашот Неверс, со кој имаше одлична сезона во 2018/2019 година и беше најдобар стрелец на првенството.

Во јануари оваа година потпиша договор со Брив, кој требаше да важи од идната сезона.