Трагедија во Гостивар: 14-годишно девојче починало по пад од лулашка во парк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата информираше за трагичен настан кој се случил синоќа во Гостивар. Имено, 14-годишно девојче од Кавадарци, било донесено во болницата без знаци на живот. Споед пријавеното, претходно девојчето паднало од лулашка во парк во Гостивар.

„На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција“, стои во соопштението на МВР.