Трагедија во САД: Патнички авион се урна во река откако се судри со воен хеликоптер, се стравува дека има многу загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патнички авион на Американ Ерлјанс се судри со хеликоптер додека се приближувал до националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон рано утрово по македонско време. Тој потоа паднал во еката Потомак, објавија американските медиуми.

Федералната управа за авијација соопшти дека помалиот авион на млазен погон Bombardier CRJ700 – кој собира до 78 луѓе – се судрил со хеликоптерот додека се приближувал кон пистата околу 21 часот по локално време во средата. Односно околу три часот по полноќ во наше време. Авионот бил на летот 5342 на Американ Ерлајнс кој доаѓал од Вичита, Канзас.

„Полетувањата и слетувањата се запрени на аеродромот бидејќи службите за итни случаи се на теренот, соопшти аеродромот на социјалната мрежа „Икс“.

Бројот на загинатите во судирот на Black Hawk и авионот се уште не е официјално познат, ниту пак е причината за несреќата. Неофицијално се дознава дека во хеликоптерот имало тројца американски војници, а во авионот околу шеесетина луѓе. Полицијата извести дека потрагата и спасувањето на преживеани е во тек.

Полициски претставници за CBS News изјавија дека екипите за пребарување пронашле 18 тела на местото на несреќата и дека засега нема преживеани. Властите се уште официјално не го соопштија бројот на жртвите, но наскоро се очекува прес-конференција.