Трагедија во Селце, тетовско, син ја убил сопствената мајка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тетовци утрово ги разбуди трагична вест. 45-годишниот У.Д. од селото Селце, со секира ја убил неговата 73-годишна мајка. Дознаваме дека осомничениот пред три недели бил пуштен од Психијатриската болница во Бардовци, каде бил сместен околу три години. Полицијата околу 08:30 часот веднаш го привела лицето, а по налог на Обвинителството одредена му е мерка притвор.

-Денеска околу 8:30 часот од Секторот за внатрешни работи-Тетово е лишено од слобода 45-годишниот У.Д. од тетовското село Селце, кој претходно извршил убиство врз неговата 73-годипна мајка Н.Д. од истото село. Делото го извршил со остар предмет, а случајот на местото на настанот го истражува и Обвинителството во Тетово. Телото е предадено на обдукција, вели Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.


Ќамил Ковачи, директор на Психијатриската болница во Скопје, вели дека пациентот на 21 февруари самоиницијативно побарал да излезе од болницата и додава дека во болничката установа од време навреме се третирал од 2009 година.

-Пациентот во нашата болница е уште од 2009 година. Пациентот се третираше со прекини. А, од 2017 година, па до 21 февруари 2022 беше сместен во нашата болница. Самоиницијативно си замина од болницата. Нашите служби стапија во контакт со неговиот брат, кој ни потврди дека се вратил дома и дека побарал да го одјавиме. Ние му дадовме упатства за користење лекови и од тој ден немаме никакви информации, вели Ќамил Ковачи директор на психијатриската болница во Скопје.

Екипата на ТВ21 го посети Селце, но жителите не сакаа да говорат пред камера за трагедијата што се случи во селото.

Жителите на селото Селце не сакаат да го коментираат денешниот случај. Велат дека според нив виновни се здравствените власти кои не се занимаваат доволно со третирањето на овие лица.