Трагедија во светот на фудбалот: На 47 години почина екс колумбиски репрезентативец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Црн дел за колумбискиот фудбал. Почина Хорхе Болано, поранешен репрезентативец на својата земја, и екс фудбалер на Парма. Тој почина на 47-годишна возраст во Кукута, како последица на срцев удар додека присуствувал на социјален собир.

„Со длабока тага, ги пренесуваме нашите искрени сочувство до семејството и најблиските на Хорхе Еладио Болано Кореа, поранешен играч на колумбиската репрезентација, кој почина во недела“, стои во соопштението на колумбиската фудбалска федерација.

Дебито за Колумбија, Болано го имал во 1995 година, а играше и на Мундијалот во 1998 година. Беше учесник во квалификациите за СП 1998, 2002 и 2006. Во 1999 година се приклучи на Парма, со кого го освои Купот на Италија. Играше и за Сампдорија, Лече и Модена. Болано се врати во Колумбија во 2010 година да игра во Кукута Депортиво, каде во 2012 година ја заврши кариерата. Работеше и како тренер.