Локалот функционирал во спротивност со законите, а инспекторите не ги вршеле контролите, притоа од Владата беше изјавено дека лиценците биле фалсификувани.
Ова го истакна Блерим Беџети од Европскиот фронт кон притоа постави прашање и до министерот Тошковски и до премиерот Мицкоски зошто за ова се насочиле кон обвинување на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и дали ова е политички мотивирано.

„Претставниците на Владата изјавуваа дека лиценцата е фалсификувана и објектот нема лиценца повеќе од една година. Ако е ова вистина кој го држел овој бизнис отворен и како нема ниту едно истражување за актуелните функционери. Зошто Владата е фокусирана само на едно име од политички аспект, зборот е за поранешниот министер Бектеши“, порача Блерим Беџети.
Министерот Тошковски со контрапрашање зошто него го прашува кој го држел тој бизнис отворен кога министри во Економија претходно биле од ДУИ.

„Колку години управуваше со тоа Министерство министри предложени од страна на ДУИ. Колку години управувале, јас не памтам. Не ни памтам дали имало друг министер кој што управувал со тоа Министерство освен министри од ДУИ. Кој го држел отворен бизнисот со лиценците, незаконитостите и сето она што е незаконски преземано во врска со Министерството за економија мене ме прашувате?“, вели Панче Тошковски.
Беџети му се обрати и на премиерот Мицкоски со кого имаше директна комуникација во врска со неговата изјава дека ќе има влечење за уши дека тој ја презел улогата на обвинител во случајот.

„Не знам дека некој друг кажал „за уши ќе ги влечеме“. За уши? Па тогаш вие сте обвинителот. А вие под кои надлежности за уши ќе ги влечете? Кој? Законот ви ги дава или, кој закон? Вашиот закон…аааа… “, вели Блерим Беџети.
За селективност во истрагата обвини и Миле Талески од СДСМ. Тошковски ги отфрли обвиненијата и рече дека за овој случај има покренато обвиненија, додека во случаите во нивно време ниту еден.

„Кој ќе одговара за овие институционални и системски пропусти на Министерството за внатрешни работи, ама не лани, не пред две години туку на денот на несреќата на 16 март 2025 година. Јавноста се прашува како е можно да не бидат предмет на истрага функционери кои вечерта биле на функции а не презеле никакви мерки за спречување или заштита на граѓаните“, вели Миле Талески.

„Знаете колку кривични пријави поднесе Министерството за внатрешни работи и против колку луѓеза трагичната несреќа во Тетово за модуларната болница? Сакате да ви кажам – нула. За разлика од вас кој суди и манипулира. Досега до овој момент се обезбедени докази за степен на основи на сомнение 34 физички лица 3 правни лица“, вели Панче Тошковски.
Тошковски беше прашан и за обезбедувањето на премиерот Мицкоски кој беше фатен како дава доверливи информации, при што рече дека истрагата и за ова е во тек.
