Трајанов: СДСМ не знаат што е држава – притисок од САД кон новата бугарска влада?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Нити знаат што е држава, ниту знаат како да ги штитат националните државни интереси“

Вака претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов го коментира владеењето на СДСМ-ДУИ. За францускиот предлог, решението го гледа кај стратешките партнери.

„Излезот е да се разговара, да добиеме поддршка од САД. Тие можат да направат свој притисок кај новата Влада во Бугарија и да се отворат некои прашања, за кои еве трите прашања кои може да ги издејствуваме, ако не друго. Јазикот дека ќе биде службен по приемот, идентитетските прашања да има заклуок на Советот на ЕУ дека не може да бидат основа за блокада и трето да започне процес на имплементација на пресудите од Судот во Стразбур околку правата на Македонците“, порача Павле Трајанов.

Трајанов вели дека СДСМ сакала да има монопол во процесот и додава дека најголема грешка е што во тој процес не била вклучена и ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако се отворат навистина преговорите дека тие ќе добијат голема поддршка. Мислам дека од тесно партиски интереси без да водат сметка за стратешките и државни интереси, тие отидоа со надгласување во парламентот да ја прифатат преговарачката рамка, тоа е основа зошто сега процесот не се движи, ништо друго“, вели Павле Трајанов.

Во однос на идејата за уставни промени со одложено дејство, Трајанов смета дека во моментов нема клима за тоа да помине.