Нов дипломатски чекор меѓу Вашингтон и Техеран е најавен откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека претставници на САД утре ќе одржат разговори со ирански претставници во Доха.
Трамп информацијата ја објави преку својата платформа „Truth Social“, наведувајќи дека состанокот бил побаран од иранска страна.
„Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, напиша американскиот претседател.
Претходно, извор запознаен со процесот изјави дека иранските и американските технички тимови, кои работат на спроведување на меморандумот за разбирање, во наредните денови ќе се сретнат во главниот град на Катар.
Засега не се познати повеќе детали за темите што ќе бидат разгледувани на разговорите, ниту составот на делегациите. Средбата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу двете земји и напори за воспоставување дипломатски канали за комуникација.
