Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад „побегнал од својата земја“ откако ја изгубил руската поддршка.
„Асад го нема повеќе“, објави тој на социјалните мрежи.
„Неговиот заштитник Русија, на чело со Владимир Путин, повеќе не беше заинтересиран да го заштити“, напиша Трамп.
Сириските опозициски сили денеска го зазедоа Дамаск, додека претседателот Башар ал Асад наводно побегнал од главниот град.
Опозициските борци ги повикаа сириските граѓани да се вратат во земјата и прогласија почеток на „нова ера“. Хади ал Бахра, кој ја предводи коалицијата на сириската политичка опозиција во странство, го прогласи Дамаск „ослободен од Ал Асад“ и му честиташе на сирискиот народ.
