Трамп до граѓаните на САД: Помалку грижете се за Путин, а повеќе за мигрантите и нарко босовите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека американските граѓани треба помалку да се грижат за рускиот претседател Владимир Путин, а повеќе за мигрантските банди и наркобосовите.

„Треба да трошиме помалку време за Путин, а повеќе да се грижиме за мигрантските банди и наскобосови, убијци и луѓе од ментални институции кои доаѓаат во нашата земја, за да не зваршиме како Евроап“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth“.

Во согласност со најавата на Трамп, Њујорк Тајмс денеска објави дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и наредил на американската сајбер команда да ги запре офанзивните сајбер операции против Русија, во обид САД да ги обноват односите со Русија и да постигнат договор со Москва за мир во Украина.