Трамп ги прави криптовалутите национален приоритет на САД!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, планира да издаде извршна наредба со која криптовалутите се дефинираат како национален приоритет на Америка и да им овозможи на инсајдерите во индустријата да го изразат својот став во рамките на претседателската администрација, пренесува Блумберг, цитирајќи анонимни информирани извори.

Тоа е стратешка формулација чија цел е да ги насочи владините агенции во САД да работат со индустријата за криптовалути, додаваат изворите.

Планирано е и формирање на советодавен совет за криптовалути, кој ќе се залага за приоритетите на таа индустрија.