Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во интервју за Фокс њуз дека очекува Илон Маск да открие измама и злоупотреба на милијарди долари во Пентагон како дел од ревизијата што ќе ја води.
„Наскоро, можеби за 24 часа, ќе го натерам да оди да го провери Министерството за образование… а потоа ќе одиме да ја провериме војската. Ќе откриеме злоупотреба на милијарди, стотици милиони долари и измами“, рече актуелниот американски претседател, алудирајќи на најголемата владина агенција.
Годишниот буџет на Пентагон е речиси еден трилион долари. Во декември, тогашниот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се овластуваат 895 милијарди долари за трошоци за одбраната за фискалната година која завршува на 30 септември.
Маск, за кој Белата куќа вели дека е специјален вработен во владата, бил задолжен од Трамп да ја спроведе и надгледува ревизијата, која има за цел да го намали бројот на федерални вработени. Како дел од оваа иницијатива, помошниците на Маск побараа пристап до доверливи информации во компјутерските системи на различни владини агенции.
