Трамп го смени инспекторот кој отвори истрага за Помпео

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп го сменил инспекторот кој што отворил истрата против шефот на дипломатијата Мајк Помпео, изјави членот на Конгресот Елиот Енгел.

Енгел оцени дека тоа е „незаконски чин“. Стејт департментот ја потврди смената на генералниот инспектор Стив Линик, но не ја наведе причината.

Енгел соопшти дека Линик е човекот кој ја отвори истрагата за Помпео.

„Факт е дека Линик е сменет сред таа истрага, покажува дека тоа е потенцијално незаконски чин“, рече Енгел.

Неименувам претставник на Демократите во Конгресот рекол дека Линик ја отворил истрагата поради жалбите според кои Помпео злоставувал една личност која била именувана од Владата, за да одработува лични задачи за него и неговата сопруга.