Трамп и Путин денеска треба да разговараат за евентуален крај на војната во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за мирот во Украина, додека европските лидери бараат Кремљ да прифати итен прекин на огнот за да се стави крај на најсмртоносниот конфликт во регионот од Втората светска војна.

Трамп, кој вели дека сака да биде запаметен како миротворец, постојано повикува на прекин на „крвопролевањето“ во Украина, кое неговата администрација го прикажува како посредничка војна меѓу САД и Русија.

Под притисок на Трамп, претставниците од завојуваните земји се состанаа минатата недела во Истанбул за прв пат од март 2022 година, откако Путин предложи директни разговори, а Европејците и Украина повикаа на итен прекин на огнот.

„Темите на разговорот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“, во кое во просек загинаа повеќе од 5.000 руски и украински војници неделно, и трговијата“, напиша Трамп на својата веб-страница Truth Social.

„Се надевам дека ќе биде продуктивен ден, дека ќе се постигне прекин на огнот и дека оваа многу насилна војна, војна што никогаш не требаше да се случи, ќе заврши.“, напиша Трамп.