Трамп: Иран лошо управува со минувањето на нафтата низ Ормутскиот теснец, не се договоривме на тој начин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го обвини Иран дека работи „многу лошо“ и дека се однесува „нечесно“ во управувањето со минувањето на нафтата низ Ормускиот теснец, велејќи дека тоа не е во согласност со договорот за кој тврди дека постои меѓу страните.

„Иран работи многу лошо, некои би рекле нечесно, дозволувајќи нафтата да поминува низ Ормускиот теснец. Тоа не е договорот што го имаме“, рече Трамп на мрежата Truth Social.

Трамп вчера изјави дека Иран не треба да наплаќа даноци на танкерите што минуваат низ Ормускиот теснец.