Трамп лут на Шпанија: „Ќе ги прекинеме сите трговски односи со оваа земја“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги прекинат трговските односи со Шпанија.

Тој го изјави ова откако земјата не ѝ дозволи на американската војска да ги користи нејзините бази за мисии поврзани со нападите врз Иран.

„ Шпанија беше ужасна . Му реков на американскиот секретар за финансии Скот Бесант да ги прекине сите деловни односи со Шпанија . Не сакаме да имаме никаква врска со Шпанија“, рече Трамп за време на заедничката прес-конференција со германскиот претседател Фридрих Мерц, пренесе Скај њуз.

„Ел Паис“ претходно објави дека шпанскиот премиер Педро Санчез одлучил да не им дозволи на САД да ги користат американските воени бази во Шпанија за операции против Иран, и покрај можните политички последици од таквата одлука.

Шпанската влада објави дека нема да придонесува на никаков начин во војната предводена од американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека станува збор за конфликт без меѓународна правна основа и без мандат од Обединетите нации.