Во средата, американскиот претседател го назначи Ендрју Пуздер, поранешен извршен директор на компанијата за брза храна Hardee’s and Carl’s Jr., за американски амбасадор во ЕУ.
Во исто време Трамп го назначи агентот кој беше присутен за време на обидот за атентат врз него во јули во Пенсилванија. да раководи со Тајната служба.
„Енди е адвокат, бизнисмен, економски коментатор и најпродаван автор“, напиша Доналд Трамп на својата мрежа „Truth Social“.
„Во 2000 година, тој беше назначен за генерален директор на CKE Restaurants, матичната компанија на меѓународниот синџир ресторани за брза храна Carl’s Jr and Hardee’s. Во текот на 17 години на чело на компанијата, Енди ја извлече компанијата од тешка финансиска состојба и ѝ овозможи да опстане“, додаде Трамп.
Според него, „Енди ќе заврши одлична работа застапувајќи ги интересите на нашата нација во тој важен регион“.
Вчера Трамп кажа дека „ЕУ е многу лоша кон САД“, и најави царини од 10%.
Во својот прв мандат, Трамп го номинираше Пуздер за секретар за труд во 2017 година, но тој се повлече поради неколку афери.
