Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека повеќе не сака да соработува со Шпанија, нарекувајќи ја „ужасен партнер“ во НАТО.
„Не сакаме повеќе да тргуваме со Шпанија. Шпанија е ужасен партнер во НАТО. Тие не придонесуваат, не плаќаат. Не сакам повеќе да имам никаква врска со Шпанија“, рече Трамп на маргините од самитот на НАТО во турската престолнина Анкара на заедничкото обраќање со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Трамп, исто така, му нареди на американскиот секретар за финансии Скот Бесент веднаш да ја прекине трговијата со Шпанија.
„Ве молам, прекинете ја целата трговија со Шпанија, вклучително и посетите… Не сакам повеќе да тргувам со нив. Спроведете го тоа веднаш“, рече тој.
