Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во болница поради коронавирусот, повторно се огласи на Твитер, му се заблагодари на медицинскиот персонал и рече дека е добро.
Трамп се заблагодари и на целиот здравствен систем во САД, кој веќе подолго време се бори против вирусот корона.
Трамп ја остави следната порака на Твитер:
-Докторите, медицинските сестри и сите во големиот медицински центар Валтер Рид и другите институции кои ми се придружија се фантастични!
