Трамп одлучи: Њујорк нема да биде во карантин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД Доналд Трамп, ја исклучи можноста Њујорк да биде во карантин, откако вчера беше најавено дека таа држава заедно со Њу Џерси и Конектикат би можеле да бидат ставени во целосна изолација, јавува Би-Би-Си.

Гувернерот на Њујорк истакна дека затворањето на Њујорк би било смртоносно и антиамерикански потег, додавајќи дека веќе се спроведени сите мерки, има забрана за собирање на повеќе луѓе, и нареди луѓето да останат дома.

Со повеќе од 123 илјади заразени, и над 2.000 починати, САД стана прва земја во Светот по бројот на случаи со коронавирус.