Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж дека напорите на Вашингтон за мирно решавање на кризата во Украина веќе се започнати.
-Нашите напори за постигнување мирно решение меѓу Русија и Украина, се надеваме, веќе започнаа. Многу е важно тоа да се направи. Никој не видел нешто слично од Втората светска војна. Време е да се стави крај – рече Трамп обраќајќи им се на учесниците на Светскиот економски форум во Давос преку видео врска.
Тој додаде дека има намера да изврши притисок врз Русија барајќи од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата. Според него, доколку цената на нафтата се намали, „војната меѓу Русија и Украина веднаш би завршила. Во моментов цената е доста висока за таа војна да продолжи“.
Трамп смета дека земјите од ОПЕК одамна требало да ја намалат цената на нафтата и во тој случај конфликтот во Украина веќе би бил завршен.
– Ова треба да се направи веднаш. Веднаш отсечен … Загинаа милиони војници. Сите лежат на нива. Милиони Руси, милиони Украинци. Време е да престанеме – нагласи американскиот претседател.
