Трамп поднесе уште една тужба: По Мичиген и Пенсилванија, бара прекинување на броењето на гласови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изборниот штаб на Доналд Трамп побара од судот „да им забрани на демократите да ги кријат своите гласови во Пенсилванија“, рече заменик-началникот на Генералштабот Џастин Кларк.


„Апелираме до судот да спречи демократите да ги кријат своите гласови од нашите републикански набудувачи на избирачките места“, рече тој.

Според него, во Филаделфија и другите градови, републиканските набудувачи требало да стојат на растојание од 7,5 метри од местото каде што се бројат гласовите, со што ќе се спречат да ја завршат својата работа.

Му се обраќаме на судот со барање да го прекине пребројувањето додека не се овозможи целосна транспарентност и републиканците не можат да бидат сигурни дека пребројувањето на гласовите се одвива според изборните правила – посочи Кларк.

НА ИСТА ТЕМА…