Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека, доколку Европската Унија ѝ дозволи на Канада да стане придружна членка, таквиот потег би можел да се смета за „непријателски чин“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека сака да создаде можност Канада да стане првата „придружна членка“ на Европската Унија.
Во меѓувреме, Трамп се закани дека таквиот чекор би можел да биде проследен со воведување дополнителни царини за ЕУ.
„Ако намерите се добри – во ред. Ако се лоши, ќе воведеме многу високи царини за Европа“, изјави Трамп во врска со намерите на европските лидери.
Тој исто така остави отворена можност САД да ја прекинат трговијата со Европа во одредени сектори.
Трамп ја оцени можноста Канада да се приклучи кон ЕУ како „смешна“, додека северниот сосед на САД го нарече „ужасен трговски партнер“.
