Американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа TruthSocial графика на која Венецуела е покриена со знамето на Соединетите Американски Држави и означена како „51-ва држава“.
Провокативниот твит дојде додека Трамп беше на пат кон Кина, каде што се очекува да присуствува на самит на високо ниво. Денот пред твитот, во интервју за „Фокс њуз“, тој рече дека „сериозно“ размислува Венецуела да стане нова држава во рамките на Соединетите Американски Држави.
Реагираше и привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез која категорично ја отфрли оваа идеја, и нагласи дека нејзината земја „никогаш не разгледувала“ таков сојуз и го потенцираше суверенитетот на Венецуела.
