Американскиот претседател Доналд Трамп денес, по неуспешните трговски преговори со Отава, објави дека царините за сите автомобили, камиони и автоделови од Канада ќе бидат зголемени на 50 проценти од 1 јануари.
Трамп оцени дека Канада, во однос на трговијата и другите елементи, е меѓу најлошите земји во светот.
Нам не ни треба Канада, тие ни требаат ние, рече Трамп, пренесува Ројтерс.
Минатата година, вредноста на трговската размена меѓу САД и Канада беше повеќе од 870 милијарди долари, што е намалување од 4,6 проценти во споредба со претходната година.
Повеќе од три четвртини од канадскиот извоз оди во САД, од каде што доаѓа речиси половина од стоките увезени во Канада.
Американската автомобилска индустрија е тесно поврзана со Канада и Мексико, поради што царините би можеле да имаат драстично влијание врз производството во САД.
