Трамп утре првпат ќе се појави во јавност од прогласувањето на Бајден за победник на изборите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе ги посети Националните гробишта во Арлингтон, што ќе биде негово прво појавување во јавност по победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори во САД за време на викендот.

Трамп и првата дама Меланија Трамп ќе ги посетат гробиштата за да го одбележат Денот на ветераните, соопшти портпаролот на Белата куќа Џад Дир.