Трамп вели дека нов лек може да ги „врати луѓето во живот“!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп даде необична изјава за време на настан со новинари, тврдејќи дека нов лек може „да ги врати пациентите во живот“.

„Лекувавме луѓе кои беа починати“, рече Трамп.

„Имавме едно лице кое ги правеше последните обреди – почина, децата плачеа и сè – и го започнавме овој лек. И лицето се подобри. Делува“, рече Трамп.

Изјавата е поврзана со Законот „Право на обид“, кој им овозможува на терминално болните пациенти да пробаат експериментални третмани.

Според статијата, Трамп го преувеличува овој концепт, претставувајќи го како „чудотворен лек“, додека всушност станува збор за ретки случаи на подобрување кај многу болни пациенти.