Трамп: Властите во Кина ги менувале податоците, има поголем број починати од коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека бројот на починати од коронавирусот во Кина, е поголем од она што самата земја го прикажала како официјални бројки.

„Кина соопшти бројки на смртни случаи од невидливиот непријател. Тие бројки се многу поголеми, и многу поголеми од САД“, рече Трамп.

Американскиот претседател наведе дека од Вухан, градот од каде почна пандемијата, изменети се податоците за починати од вирусот.

Во САД од коронавирусот починаа повеќе од 33 илјади лица.