Трамп во првите 100 дена сака да оди во Кина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им кажал на советниците дека сака да отпатува во Кина по преземањето на функцијата, објави во саботата Волстрит журнал, повикувајќи се на извори блиски до разговорите.

Според извештајот, Трамп изразил интерес да патува во Кина во првите 100 дена на функцијата.

Инаугурацијата на Трамп е во понеделник, а кинеските државни новински агенции во петокот објавија дека кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на церемонијата додека Пекинг се подготвува да ја зајакне соработката.

Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа за лична средба преку нивните претставници, а една од опциите е покана до Си да ги посети САД.