Трамп: Време е за избори во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на САД, Доналд Трамп повика на избори во Украина, додека неговиот раздор со претсеателот Володомир Зеленски се продлабочи затоа што САД почна мировни преговори со Русија, и го исклучи Киев.

„Убаво е да се каже дека не може да се има избори, но време е за избори, и да дознаеме што се случувало со сите ти пари, затоа што даде изјава дека не знае каде се пола од парите или нешто слично“, рече Трамп.

Тој изјави дека „многу добро им оди со Русија“.

„Ќе направиме нешто со Русија што тој не можеше. Можеме да склучиме договор со Русија за да го запреме убиството на потенцијално уште милиони луѓе“, додаде тој.

Во Украина требаше да се одржат избори во април 2024 година, кога истекува петгодишниот претседателски мандат на Зеленски, но земјата во моментов е во вонредна состојба поради речиси тригодишната окупација на источниот дел од земјата од страна на Русија.