Треба ли да има министерство за туризам во земјава? „Хотам“: Со тоа би се решиле многу проблеми во оваа дејност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Охрид се дебатираше за проширувањето на туристичките организации и основање на Национална агенција за туризам, како што е вообичаено во земјите од регионот.

Во секоја земја во светот постои Министерство за туризам, кое се занимава со справување со проблемите во домашниот туризам, но во нашата земја има само регионални организации и Агенција за туризам на државно ниво, додека со измените и помош кон овој сектор се занимава Министерството за економија.

Директорот на Агенцијата за туризам, вели дека сите земји располагаат со министерство и Национална агенција за туризам, па затоа, така треба да биде и кај нас.

Од Организацијата „Хотам“ која оперира на територија на Охрид и Струга, и чија дејност е туризам, велат дека во земјава треба да има Министерство за туризам со цел да се надминат сите проблеми во оваа гранка.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, месецов се очекува да се сретне со сите надлежни институции, стопанските комори и приватниот сектор со цел да разговараат околу Агенцијата, односно дали таа ќе стане Национална туристичка организација.