Тренер на француски клуб поднел оставка поради тоа што раководството донело играч спротивно од неговата волја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тренерот на Марсеј Андре Вијас-Боаш си оди францускиот Олимпик Марсеј поради несогласувања со раководството на клубот. Португалецот негодувал кон раководството околу трансферот на Оливие Нчам како позајмен од шкотски Селтик. Вијас-Боаш уште претходно им рекол на раководните луѓе дека не му треба тој играч, а тие сепак го донеле.

На ова му претходеше и нападот на навивачите на тренинг центарот што доведе до одложување на мечот со Рен во првеството.

На прес-конференцијата вчера Вијас-Боаш не сакаше да одговри на прашањето дали се чувствува како колатерална штета во клубот.

Трансферот не го одобрив. Токму за тој фудбалер реков НЕ, но не ме послушаа. Дознав дека го донеле утринава на веб страницата на клубот. Реков готово е. Тука не се слуша мојот збор и поднесов оставка. Чувствувам дека немам поддршка од раководството во тоа што го работам. Не сакам пари, сакам само да си одам. Договорот околу потпишување на нови играчи е прекршен.“, изави Вијас-Боаш.

Од клубот ја прифатиле неговата оставка.