Прв случај на коронавирусот е забележан во Премиерлигата, откако е објавено дека коронавирус има менаџерот на Арсенал, Микел Артета, пренесува „Дејли-Мејл“.
Веднаш целиот тим на Арсенал е ставен во самоизолација, а не е познато како се заразил менаџерот на „топчиите“.
Се очекува веднаш одложување на следниот натпревар на Арсенал, но и на сите мечеви во Премиер-лигата. Тројца играчи на Лестер се пожалиле на симптоми, како и еден играч на Манчестер Сити.