Тренерот на Динамо Загреб поднесе оставка поради тоа што е осуден на затворска казна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тренерот на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ вчера поднесе оставка од функцијата поради тоа што е осуден на четири години и осум месеци затвор за три кривични дела.

Неговиот брат, некогашниот претседател Здравко Мамиќ е осуден на шест и пол години затвор, додека поранешниот директор на клубот Дамир Врбановиќ осуден на три години.

Со оглед дека во Законото пишува дека при осуда на повеќе од шест месеци, не смее да се работи било што во спортот, Зоран Мамиќ поднесе оставка.

„Иако не се чувствуван виновен, нешто кое го кажав и претходно, ако пресудата биде правосилна, ја прифаќам, и поднесувам оставка од местото прв тренер и спортски директор на Динамо. На клубот му посакува се најдобро во понатамошниот тек“, истакна Зоран Мамиќ.

За негов наследник е именуван Дамир Крзнар.